Search

Нормализиран сообраќајот на патот Катланово-Велес

Сообраќајот на патот А1 Катланово – Велес е нормализиран и се одвива по две коловозни ленти од 14:50 часот, откако беше расчистен одронот на делот од патот кај манастирите, информира Автомотосојузот на Македонија.

Во тек на отстранување на одроните од претпладнето сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента. На терен беа активирани екипи на Јавното претпријатие „Македонијапат”

Треба да знаете
Последни објави