Search

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола

Сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Битола се одвива нормално, информираат од Автомото сојузот на Македонија. Од АМСМ, претходно информираат дека од 09:10 часот сообраќајот на патот Прилеп – Битола се одвивал наизменично по една коловозна лента, поради сообраќајна несреќа што се случила на овој патен правец. Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајката се случила меѓу товарно возило „МАН“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот битолчанец Д.М. и автомобил „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки кое го возел 20-годишниот Д.К. од Прилеп. Тешко повреден е 20-годишниот Д.К. кој бил пренесен во прилепската болница.

Треба да знаете
Последни објави