Search

Ноер бара договор со Баерн до 2025 година кога тој ќе има 39 години

Голманот на германскиот фудбалски бундеслига Баерн, Мануел Ноер не може да најде заеднички јазик со раководството на клубот од Минхен за да го обнови договорот. Според „Билд”, претходната рунда преговори помеѓу Баерн и 34-годишниот голман беше неуспешна.

Ноер бара договор до 2025 година кога ќе има 39 години, додека Баерн му предлага да го продолжи договорот до 2023 година.

Во исто време, проблем за Баерн е што голманот Александар Нјубел кој дојде од Шалке, ќе го помине целиот мандат на неговиот договор на клупата.

Интерес за Ноер има и во премиерлигашки екипи, најсериозно е заинтересиран Челзи.

Оваа сезона репрезентативниот голман на Баварците настапи на 25 натпревари во Бундеслигата.

Треба да знаете
Последни објави