Search

Новo од „Тиквеш“ – Шприцер во лименка

–Винарската визба „Тиквеш“ лансираше нов производна пазарот, шприцер во лименка.Сржта на новиот производ е популарното бело вино „Смедеревка“, во идеална комбинација и сооднос кој традиционално се користи при подготовка на шприцер.

„Во креирањето на овој нов производ се раководевме од нашата стратешка цел –следејќи ги пазарните трендови, постојано да нудиме иновативни производисо кои ќе ги задоволиме очекувања на потрошувачите,поместувајќи ги притоа стандардите во индустријата и потрошувачката на вино во земјата“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Новиот освежителен пијалак содржи 5% алкохол и се препорачува да се консумира разладен. Спакуван е во лименки од 330 мл, што му дава особена практичност и креира дополнителни  можности за консумација наразлични места и прилики.

Заради практичното пакување, одличниот вкус, свежината и ниското ниво на алкохол, очекувањата се дека шприцерот во лименка ќе биде добро прифатен, како од традиционалните консументи на шприцер кои се лојални на брендот „Смедеревка“, така и од нови категории потрошувачи.

 

Треба да знаете
Последни објави