Search

Нов хит на авторот на „Наркос“: Софија Вергара станува кралица на кокаинот

Колумбиската наркокралица Гризелда Бланко ќе добие своја приказна благодарение на новата серија на „Нетфликс“.

Софија Вергара ќе ја потретира Гризелда, а зад проектот стои креаторот на „Наркос“, Ерик Њуман. Дејствието на серијата ја следи снаодливата колумбиска претприемачка Гризелда Бланко, која создаде еден од најпрофитабилните картели во историјата. Згора на сè, таа беше и грижлива мајка, а смртоносната комбинација на шарм и дивјаштво ѝ помогна вешто да ги балансира семејството и работата.

Во описот на серијата стои: „Таа е посветена мајка. Фаталниот микс на шарм и дивјаштво ѝ помогнаа да го најде патот меѓу семејството и работата, поради што стана нашироко позната како Кума.“

Проектот се развива веќе осум години, пренесуваат медиумите. Колумбискиот режисер Андрес Баиз ќе ги режира сите шест епизоди.

Ова е и проект од соништата на Вергара, која извлече максимум од него, а Њуман тврди дека овој пат докажала колку е исклучително талентирана.

Треба да знаете
Последни објави