Search

Нов трипл-дабл за Дончиќ за победа на Далас

На помалку од 24 часа пред завршувањето на трејд периодот во НБА лигата, неколку од тимовите ги одиграа своите последни натпревари со актуелните состави, а посебно интересна беше ситуацијата во Далас, каде Харисон Барнс дозна дека е трејдуван од тимот на Маверикс среде натпревар.

 

Мотивирани од одличната игра на Лука Дончиќ, кошаркарите на Далас Маверикс стигнаа до победа против Шарлот Хорнетс, со резултат 99:93.

Младиот Лука Дончиќ забележа нов трипл-дабл, овојпат со 19 поени, 10 скока и 11 асистенции, на пат кон нова победа за неговиот тим. Најинтересниот момент за играчите на Маверикс дојде во третата четвртина, кога Харисон Барнс дозна дека е трејдуван во Сакраменто Кингс и го игра последниот натпревар во дресот на тимот од Далас. Тој го заврши натпреварот со 10 поени.

Сосем очекувано, во тимот на Шарлот Хорнетс најдобар поединец беше Кемба Вокер, кој забележа 30 поени, 11 скока и 6 асистенции, а солидна помош му пружи Џереми Лемб, кој постигна 15 поени. Хорнетс и понатаму се одржуваат на едно од плејоф местата во Источната конференција, додека Маверикс чекаат шанса да се приклучат на осумте најдобри тимови од Западот.

Останати резултати:

Бруклин Нетс – Денвер Нагетс 135:130

Чикаго Булс – Њу Орлеанс Пеликанс 120:125

Милвоки Бакс – Вашингтон Визардс 148:129

Јута Џез – Феникс Санс 116:88

Сакраменто Кингс – Хјустон Рокетс 101:127

Голден Стејт Вориорс – Сан Антонио Спарс 141:102

Треба да знаете
Последни објави