Search

Нов трет најбогат човек во светот

Коосновачот на социјалната мрежа „Facebook“, Марк Цукерберг веќе ја зазема третата позиција меѓу најбогатите луѓе во светот.

На крајот на петочната трговска сесија, кога акциите на „Facebook“ додадоа 2,4% на својата вредност, Цукерберг го зголемил своето богатство до рекордни 81.6 милијарди долари.

Тоа го поставува пред Ворен Бафет, кој според последните податоци поседува 81.2 милијарди долари.

Од почетокот на 2018-та година, акциите на „Facebook“ додадоа 15% на нивниот рејтинг на пазарот.

За прв пат во историјата на рангирањето, предводено од „Bloomberg“ и пласманот на најбогатите 500 луѓе на планетата, првите три позиции ги заземаат технолошки титани.

Основачот на „Amazon“, Џеф Безос, продолжи да води со 141 милијарда долари, по што следи Бил Гејтс („Microsoft“) со 94,2 милијарди долари.

Топ 10 од најбогатите луѓе во светот имаат вкупно 774 милијарди долари.

Треба да знаете
Последни објави