Search

Нов тренд во Охрид: Туристи качени на кров на стари куќи прават селфи

Нов тренд за забава на младите туристи деновиве на продолжен викенд низ Охрид. Се качуваат на крововите на старите куќи и прават селфи фотографии, но и забави кои можат да траат по неколку часа. На социјалните мрежи постојано осамнуваат фотографии на поединци, но и групи како стојат или седат на крововите на куќите во Охрид.  Граѓаните велат дека никој не почитува ништо, не се носат маски не се држи дистинца меѓу посетителите на плажите, а најмалку се почитува нечија приватност.

– Таман ќе помислите дека се надимува некоја појава меѓу помладите гости, се појавува нова и тоа уште побизарна од претходната. Сега на ред е сликањето на кров на стари напуштени куќи. Не размислуваат дека многу малку фали да бидат дел од трагедија ако се сруши кровот. Не знам како дознаваат кога ќе се појави полиција и веднаш се симнуваат од кровот- пишува една охриѓанка на фејсбук.

(В.А.)

Треба да знаете
Последни објави