Search

Нов студен бран ќе донесе дождови и снег

Преку ноќта и изутринава времето во Македонија беше облачно со врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег.

Денеска нашето подрачје ќе потпадне под влијание на нов и студен влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. На повеќе места врнежите ќе бидат обилни. Во југоисточните делови ќе бидат претежно од дожд (над 40л/м2), а во останатите од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

Утре во источните делови ќе има локални врнежи од снег, само во крајните југоисточни делови од дожд. Во недела ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури

Треба да знаете
Последни објави