Search

Нов силен земјотрес регистриран на Закинтос

Земјотресот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јонското Море, долж грчкиот остров Закинтос.

Земјотресот е регистриран во раните утрински часови на 76 километри југозападно од Закинтос.

Грчката агенција АНА забележува дека на островот имало повеќе силни земјотреси со јачина на 4 степени, како многу други потреси кои биле под 4 степени според Рихтеровата скала.

Секојдневните потреси во изминатиов период на Закинтос се последица на силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, што се случи на 26-ти октомври.

 

Треба да знаете
Последни објави