Search

Нов силен земјотрес во морето кај Крит

Земјотрес со јачина од 4,9 степени се случил синоќа јужно од грчкиот остров Крит.

Епицентарот на земјотресот бил во морето, на 108 километри од Арви, на длабочина од 10 километри, објави Геодинамичкиот институт во Атина.

Земјотресот се случил околу два часoт наутро, а му претходел земјотрес од 3,6 степени во истата зона, неколку часа порано, јави агенцијата АНА.

Во последните неколку дена, во зоната на Крит се регистрирани неколку земјотреси, кои се последица на смирувањето на земјата по силниот земјотрес од шест степени, што го погоди островот на почетокот на мај.

Треба да знаете
Последни објави