Search

Нов рекорд во Грција, регистрирани уште 1.547 заразени со коронавирус

Во Грција се потврдени рекордни 1.547 нови случаи на коронавирус, а 10 пациенти со Kовид-19 починаа, со што вкупниот број на смртни случаи е 603, соопшти денеска Националната служба за јавно здравје.

На респиратори има 108 пациенти, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.

Од почетокот на пандемијата во Грција, 34.299 лица биле заразени со коронавирус, од кои 55,3 проценти се мажи.

Треба да знаете
Последни објави