Search

Нов рекорден број на починати од Ковид-19 во Бразил

Во Бразил е регистриран нов рекорден број на смртни случаи во еден ден, соопшти бразилското Министерство за здравство, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Како што пренесуваат локалните медиуми, епидемијата на коронавирус не покажува знаци на слабеење во оваа најголема земја во Латинска Америка, каде, во последните 24 часа, потврдени се 28.936 нови случаи на инфекција и 1.262 смртни случаи.

Досега во Бразил од Ковид-19 заболеле 555.383 лица, а 31.199 починале.

Треба да знаете
Последни објави