Search

Нов протест на црногорската опозиција

Црногорската опозициска партија Демократски фронт вечерва повторно на протест.

Пред Собранието на Црна Гора од партијата вечерва порачаа дека ќе организираат протети сè додека нивните претставници Небојша Медојевиќ и Милан Кнежевиќ не се ослободат од притвор.

Пратеникот на ДФ, Милутин Ѓукановиќ, рече дека нивната борба оди подалеку од политиката на луѓето кои се уапсени.

Демонстрантите исто така бараат ослободување на претседателот на опозициското Движење за промени во Црна Гора и еден од лидерите на Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ, кој беше уапсен по налог на судот во Подгорица за предмет во врска со давање мито.

Во Црна Гора протести се одржуваа веќе неколку дена, а граѓаните ѝ порачаа на власта дека „ослободувањето на Црна Гора“ мора да почне со ослободување на Медојевиќ и Кнежевиќ.

Треба да знаете
Последни објави