Search

Нов најголем дневен пораст на бројот на заразени во Италија

Во Италија од коронавирус се заразени уште 11.705 луѓе, што е за 780 повеќе од вчера, со што е потврден најголемиот дневен пораст на бројот на заболени од почетокот на пандемијата.

Од последиците на Ковид-19 починаа уште 69 пациенти, што претставува значаен пораст во однос на вчерашниот ден, кога беа регистрирани 47 смртни случаи.

Во оваа земја од почетокот на пандемијата се потврдени 414.241 случај на Ковид-19, од чии последици починаа 36.543 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави