Search

Нов монолит се појави во Калифорнија

Нов мистериозен монолит се појави на врвот на планината Пејн во Калифорнија, само една недела откако ист таков објект се појави во пустината во Јута, пред да биде уништен од луѓе, објави денеска „Гардијан”.

Медиумите во блискиот град Атаскадеро, на средишниот брег на Калифорнија, објавија за нов монолит, овој пат на Пејн, каде што десетици планинари дојдоа да го видат новиот мистериозен предмет.

Изгледа дека монолитот е од не’рѓосувачки челик, висок е повеќе од три метри и широк 45 сантиметри. Предметот е заварен на секој агол, и зацврстен со завртки што ја прицврстуваат челичната рамка однатре. Монолитот е нестабилен и може да се движи, пишува весникот „Атаскадеро”.

Треба да знаете
Последни објави