Search

Нов изглед на банкнотите од 100 и 200 евра од 28 мај

Европската централна банка во Франкфурт го претстави новиот изглед на банкнотите од 100 и 200 евра кои ќе бидат во оптек од 28 мај. Станува збор за серија банкноти наречени Европа. На банкнотите доминираат карактеристиките на Европа, прекрасната феникиска принцези и божица по која го добил името Стариот континент.

Како безбедносна мерка на банкнотите ќе биде мал симбол на еврото (€) со цел да се намали или целосно да се спречи фалсификувањето на единствена европска валута.

Со новиот систем на заштита, банкарите и трговците треба релативно лесно да ги препознаат фалсификуваните примероци, а покрај новиот дизајн банкнотите се многу поквалитетни изработени од оние од првата серија.

Треба да знаете
Последни објави