Search

Нов земјотрес во Босна утрово, почуствуван во Хрватска и Црна Гора

Нов земјотрес од 4,1 степен по Рихтер ја погоди БиХ.

Како што наведува Еуромедитеранскиот сеизмолошки центар, земјотресот е забележан нешто по 4 часот, а епицентарот бил на подрачјето на Невесиње, на длабочина од 10 километри.

Овој краткотраен земјотрес го почувствувале жителите на Сараево и Мостар, но и соседните Црна Гора и Хрватска.

Како што е познато, ова е само еден во низата земјотреси кои го погодија јадранското поднебје, а секако најголема штета претрпе Албанија која на 26. ноември беше погодена од разорен потрес во кој загинаа најмалку 50 лица, а повредени повеќе од 700.

Треба да знаете
Последни објави