Search

Нов Зеланд ја дочека Новата година

Во најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд,илјадници граѓани се собраа околу Скај Тауер за да го прослават доаѓањето на Новата година.

Тие се забавуваа и уживаа во незаборавниот и традиционален огномет од Скај Тауер.

Седум и ипол милијарди луѓе низ светот ја чекаат Новата година со огномет и прослава, но со посебни мерки за безбедност. Во 2019 година први влегоа жителите на островите Самоа и Кирибати, а први јануари последни ќе го дочекаат во Американска Самоа и на островот Нију во јужен Пацифик. Кај нив 2019 година, по средноевропско време, ќе стигне дури утре.

Треба да знаете
Последни објави