Search

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд, бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат.

Маските престанаа да бидат задолжителни во Окленд, срцето на неодамнешната епидемија, освен во јавниот превоз и во авионите. Остатокот од Нов Зеланд ги укина сите ограничувања поврзани со пандемијата во понеделникот, откако не беа пријавени нови случаи за една недела.

Окленд продолжува да се соочува со ограничувања, но ублажени правилата кои дозволуваат да се соберат до 100 луѓе, објави Би-би-си.

Нов Зеланд е пофален за брзата реакција на Ковид-19, а секојдневниот живот во голема мерка се врати во нормала, откако земјата објави во јуни дека нема случаи на коронавирус.Но, вториот бран го погоди Океанд во август и најголемиот град во земјата се врати во привремена блокада, додека другите градови исто така воведоа нови ограничувања.

Нов Зеланд забележа 1.468 потврдени случаи на Ковид-19 и 25 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави