Search

Нов Зеланд: Доброволци спасија 40 насукани китови

Доброволци во Нов Зеланд спасија 40 китови кои денеска се беа насукале на бреговите на Тасманското Море… Сепак, познавачите се загрижени дека ова може да се повтори и следните денови.

Група од 49 кита се насукале на изолирана плажа на Јужниот Остров во Тасманското Море. Доброволците успеале да спасат 40 единки, а девет од животните угинале. За време на осеката, околу 200 луѓе ги одржуваа загрозените суштества живи, а при плимата, успеале да ги вовлечат во длабокото.

Не е сосема јасно дали китовите се насукуваат затоа што пливаат во премногу плитка вода заради лов, зашто се обидуваат да ги заштитат послабите единки од свои грабливци или поради некоја друга причина.

Треба да знаете
Последни објави