Search

Нов Зеланд: Ардерн прогласи победа на изборите

Кандидатката за премиер на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави денеска дека го освоила мандатот, а нејзината Лабуристичка партија е победник на изборите.

За Ардерн ова ќе биде втор мандат по ред.

– Нов Зеланд покажа дека Лабуристичката партија е најпопуларна во претходните 50 години, истакна Ардерн пред своите симпатизери.

Таа во своето прво обраќање по изборите нагласи дека гласовите кои и се дадени на неа и партијата нема да бидат залудни.

– Немојте да мислите дека вашата поддршка ќе биде залудна. Можам да ви ветам дека ќе бидеме партија која ќе работи во интерес на секој жител на Нов Зеланд, додаде старо-новата премиерка.

Ардерн како своја примарна цел го наведе спречувањето на ширењето на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави