Search

Нов забавен парк со адреналински атракции во Скопје

На булевар Илинден веднаш до СЦ „Борис Трајковски“ е лоциран новиот забавен адреналински парк „Мега“.

Забавниот парк нуди над 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења, како и неколку интерактивни реквизити. Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17 до полноќ, во петок до 01:00, сабота и недела од 10 до 01.

Главни атракции во „Мега“ се Камикази, кулата висока над 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс- возења.

Треба да знаете
Последни објави