Search

Нов гол на Тричковски во Кипар

Иван Тричковски и денеска постигна гол за АЕК Ларнака, во победа од 2-0 против Ермис. Тричковски кој е капитен на АЕК, погоди во финишот, со што ја потврди победата на неговиот тим за кој во второто полувреме играше и Стефан Спировски, додека Даниел Мојсов не беше во составот.

Со оваа победа, АЕК привремено се искачи на второто место на табелата во кипарската лига, а секако најголема заслуга за тоа има Тричковски кој е прв стрелец на жолто-зелените од Ларнака.

Треба да знаете
Последни објави