Search

Нов бран анонимни дојави за поставени бомби во Москва

Повеќе од 100 училишта, градинки и 20 трговски центри во Москва се проверуваат за експлозивни направи откако добиле анонимни закани за поставени бомби, изјави портпаролот на московските специјални служби.

– Имаше повици за закани со бомби во 85 училишта, 16 градинки и 20 трговски центри, рече портпаролот.

За слични закани се проверуваат и сите московски метро станици, но засега не е наредена евакуација.

Од 28 ноември е регистриран „бум” во телефонските повици со анонимни дојави за поставени бомби на разни институции во Москва и Санкт Петербург. Според проценките на руските медиуми, речиси 1,2 милиони луѓе се евакуирани од крајот на ноември, како резултат на лажни дојави за закани со бомби.

Треба да знаете
Последни објави