Search

Ново хортикултурно уредување во Бутел 1

Ново хортикултурно уредување во Бутел 1

По повод и во пресрет на Светскиот ден на глобалното чистење (15 септември), почна со средување на просторот помеѓу Пазарот и маркетот ,,Рептил,, во населбата Бутел 1.

Просторот кој ќе биде уредуван е околу 170 м2 и истиот ќе биде холтикултурно уреден и ќе биде поставена нова урбана опрема.

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски го посети просторот во населбата Бутел 1 каде се уредува парковското зеленило, ќе се санираат клупите и ќе се постават нови корпи за отпадоци. Тој напомена дека е од голема важност граѓаните да внимаваат на урбаната опрема и да не ја оштетуваат.

 

Треба да знаете
Последни објави