Search

Ново судење за Савевски и Куновски за демолирање на канцеларијата на Иванов

Апелацискиот суд во Скопје ја укина ослободителната пресуда за Здравко Савески и Владимир Куновски, и двајцата учесници во Шарената револуција, и го вратиле предметот да се суди од почеток, пишува во решението на второстепениот суд, до кое дојде „Макфакс“.

Причината за укинувањето на ослободителната пресуда е тоа што судот не дозволил да биде сослушано лице, сведок, како овластен претставник од Канцеларијата на Ѓорѓе Иванов.

Според обвинението на Савески и Куновски им се става на товар дека на 13.04.2016 година околу 20.30 часот пред народната канцеларија на претседателот на државата учествувале во толпа од поголема група граѓани која што толпа со заедничко дејствување оштетила имот.

 

Треба да знаете
Последни објави