Search

Ново име кај Атлетико: Симеоне си најде „воин“ од градскиот ривал Реал

Екипата на Атлетико Мадрид ќе има сосема поинаков лик во следната сезона, односно тренерот Диего Симеоне гради сосема нов состав со кој ќе се обиде да остане на врвот во Шпанија и Европа.

Веќе неколку имиња си заминаа, дел најавија заминување, но „дуџекџиите“ работат и на засилувањата, па така денеска го обезбедија потписот на фудбалерот на Реал Мадрид, Маркос Љоренте.

Тој договори петгодишна соработка со Атлетико која ќе се официјализира, откако ќе ги мине задолжителните медицински прегледи. Од таборот на „колченоросите“ не ја објавија сумата за трансферот, но истиот ќе изнесува 40 милиони евра.

Љоренте во Атлетико треба да биде замена за Родри Ернандез кој најверојатно ќе си замине со оглед ан тоа што за него притискаат Манчестер Сити, Баерн Минхен… тимови кои се подготвени да ја платат неговата откупа клаузула од 70 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави