Search

Ново донација од Пакомак. Жителите на Куманово добија 50 двојни сета на канти за одложување отпад.

И општина Куманово се приклучи на листата на градови во земјава кои благодарение на компанијата Пакомак ја подобри својата комунална инфраструктура. Овозможувајќи им со тоа на своите жители можност за селективно одложување на отпадот.  Во согласност со потребите на општината, жителите на Куманово добија на користење 50 двојни сета на електростатски фарбани канти, кои општоната сами ги бетонираше.

Куманово е една од поголемите општини во земјава, каде се создаваат и значајни количини на отпад, така што овие специјални канти ќе овозможат отпадот  да се остави во кантите, а не да завршува по улиците и тревниците. Оваа донација е само една од активностите на  „Пакомак” во земјава која има за цел намалување на амбалажниот отпад, и зголемување на свеста на рециклирањето на истиот. Откако е почната соработката во 2016 година досега во Куманово се поставени над 130 контејнери за селективно одложување на отпадот во соработка со УНДП, 100 столбни двојни ста на канти за џебен отпад, и 150 канти од 120 литри, благодарение на „Пакомак”.

Градоначалникот на Куманово ја искажаа својата благодарност кон „Пакомак” и донацијата ја опиша како акција од општ интерес, истакнувајќи ја важноста на соодветната инфраструктура за реализирање на краткорочните и долгорочни еколошки цели. А проширувањето на мрежата за селектирање и рециклирање на отпад претставува уште еден чекор напред кон создавање на одржлива и чиста околина.

Треба да знаете
Последни објави