Search

Ново барање за исклучување на партијата на Виктор Орбан од Европските Народни партии

Тринаесет партии членки на Европската народна партија, најголемото политичко семејство во ЕУ, денеска повикаа на исклучување на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, јави дописникот на МИА.

Во писмото упатено до претседателот на ЕНП, Доналд Туск се вели:

-Бараме исклучување на„ Фидес” од ЕНП (…) Случувањата го потврдија нашето убедување дека Фидес со своите сегашни политики не може целосно да има корист од членството во ЕНП, пишуваат потписниците на ова писмо.

Меѓу потписниците се претседателите на 13 од 82-те партии членки на ЕНП. Сепак, ниту една од најголемите политички партии, особено германската ЦДУ и Шпанската народна партија, не се приклучија на ова барање.

Барањето на овие тринаесет партии ќе му овозможи на Доналд Туск да започне постапка за исклучување. Ова ќе биде трет пат да се разговара за вакво барање во врска со партијата на Виктор Орбан. Претходните обиди пропаднаа затоа што неговите сојузници во ЕНП, особено ЦДУ, одбија да гласаат за исклучување.

Инаку Фидес е суспендирана од ЕНП од март 2019 година

Треба да знаете
Последни објави