Search

Новото нормално за Зоран Заев е да оди на избори со 52 заболени и 4 починати за еден ден

Додека Република Македонија се бори со пандемија предизвикана од Ковид-19 вирусот и бројот на заболени расте на дневна основа, а бројот на починати одамна надмина над 100, Зоран Заев и СДСМ бескрупулозно манипулираат со граѓаните и свесно сакаат да ги доведат во ризик организирајќи брзи предвремени парламентарни избори. Тоа покажува дека државата три и пол години е водена од дилетанти и луѓе на кои им е поважна функционерската фотелја, а не граѓаните.
Јасно е дека Зоран Заев и СДСМ прават притисоци врз Комисијата за заразни болести и институциите преку кои сакаат да обезбедат брзо организирање на изборите, но тоа не само што не оди во прилог на граѓаните, туку и директно нанесува штета и голема опасност по општата здравствена состојба во државата.

За Зоран Заев ново нормално функционирање е да се организираат брзи предвремени избори, иако сме сведоци дека имаме 52 заболени и 4 мртви за само еден ден, што е многу поразително. Ваквите притисоци и непромислени изјави се синоним за Зоран Заев и СДСМ, но личните хирови на одредени поединци не смеат и нема да ја доведат во опасност државата и нејзините граѓани.

На ваквиот однос набрзо ќе му дојде крајот. Граѓаните се свесни за штетите кои СДСМ ги нанесе на нив и на државата.
ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме Хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

 

Треба да знаете
Последни објави