Search

„Новости“: Српските туристи и агенции се закануваат со штрајк со глад поради грчката рампа

Веста дека Грција ќе остане затворена за српските граѓани и по 15 септември предизвика гнев кај туристите и сопствениците на агенциите.

Неполн час по објавувањето на неофицијалните информации дека границите остануваат затворени, сопствениците на туристички агенции и туристи кои ги купиле аранжманите, за медиумите изјавија дека планираат да ја блокираат грчката амбасада во Белград и да започнат штрајк со глад се додека не се промени одлуката и не им се дозволи влез на граѓаните на оваа земја, дознава „Новости“.

„Новости“ вчера објави дека Грција одлучила да ја продолжи забраната за влез на српските граѓани по 15 септември.

Треба да знаете
Последни објави