Search

Новозеландскиот полициски сајт за пријавување прекршители на изолацијата паднал од популарност

Новозеланѓаните се толку подготвени да ги пријават своите соседи за кршење на правилата за изолација поради коронавирусот што полицијата денеска објави дека веб-страницата посветена на решавање на проблемот била соборена веднаш по активирањето, пренесува „Брејтбарт“.

Нов Зеланд е среде четиринеделна блокада поради Ковид-19, а жителите имаат наредба да останат дома или да се држат на растојание од најмалку два метра еден од друг ако мора да излезат надвор.

Полицискиот комесар Мајк Буш изјави дека полициската веб-страница www.police.govt.nz/105support која била отворена во неделата попладне добила толку голем сообраќај што привремено паднала.

„Имаме 4.200 извештаи за луѓе кои веруваат дека другите не ги почитуваат правилата. Тоа покажува колку се решени Новозеланѓаните  да ги почитуваат нашите упатства “, рече тој.

Буш рече дека прекршувањата вклучувале забава од околу 60 лица во хотел за млади туристи во Квинстаун и туристи кои продолжуваат да патуваат низ земјата во кампери.

Премиерот Jacинда Ардерн ги поддржа информаторите и, исто така, ја повика јавноста да пријави секакво зголемување на цените во супермаркетите преку посебна електронска адреса.

„Сега не е време да ги заобиколуваме правилата. Ова е време да останеме дома и да спасиме животи “, им рече таа на новинарите.

Нов Зеланд, со население од околу пет милиони, има 552 потврдени случаи на Ковид-19, од кои едниот бил фатален.

Треба да знаете
Последни објави