Search

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. Починати се тројца пациенти, еден од Битола (73 г.), еден од Демир Хисар (73 г.) и еден од Скопје (44 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови. Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-1, Дебар-1, Штип-11, Тетово-17, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Радовиш-5, Кочани-1, Свети Николе-17, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.128, бројката на оздравени пациенти е 6.972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.656. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4915, активни 1.363
• Куманово 1091, активни 269
• Дебар 206, активни 117
• Штип 872, активни 430
• Прилеп 333, активни 53
• Тетово 1057, активни 220
• Струга 457, активни 203
• Велес 225, активни 21
• Битола 143, активни 63
• Охрид 276, активни 87
• Кавадарци 73, активни 53
• Гостивар 487, активни 282
• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 37, активни 21
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 105, активни 24
• Пробиштип 53, активни 19
• Демир Хисар 34, активни 27
• Македонски Брод 35, активни 30
• Пехчево 6
• Берово 8, активни 4
• Валандово 6
• Виница 22, активни 18
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 8
• Свети Николе 227, активни 151
• Кичево 175, активни 108
• Ресен 146, активни 26
• Неготино 27, активни 7 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 689 теста се преку: ИЈЗ-549, ЦЈЗ Скопје-13, Систина со PCR метода -110, Инфективна клиника-10, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 106.047 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четири пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 48 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и седум пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември” примени се седум пациенти. Вкупно хоспитализирани се 95 пациенти од кои на респираторна машина се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 168
• Аеродром – 156
• Бутел – 86
• Гази Баба – 137
• Центар – 116
• Карпош – 118
• Сарај – 65
• Кисела Вода – 148
• Ѓорче Петров – 99
• Студеничани – 46
• Шуто Оризари – 115
• Арачиново – 24
• Илинден – 23
• Петровец – 16
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 21
• Зелениково- 8
• Странец – 6
• Нераспределен- 3.

Треба да знаете
Последни објави