Search

Нови 48 случаи на коронавирус во Србија, заразени 28 лица во старски дом во Нови Сад

Уште едно лице почина од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а потврдени се и 48 нови случаи на заразени со вирусот во земјата. Според извештаите на медиумите, само во еден приватен дом за стари лица во Петроварадин се заразени 28 лица, од кои еден е на респиратор.

 

Од вчера до денеска напладне тестирани се 4.024 лица. Во моментот во болниците има 470 пациенти, а 15 од нив се на респиратор. Од почетокот на епидемијата на 6 март, регистрирани се 11.571 случај на инфекција, оздравени се 6.910 лица, а 246 пациенти починале.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека Србија е подготвена за новиот бран на коронавирусот и дека ќе го дочека целосно подготвена. На онлајн-конференцијата „Здравството во Србија по пандемијата“, Вучиќ во снимената видеоизјава рече дека државата ќе инвестира сè повеќе и повеќе пари во здравствените установи и дека постојано ќе им ги зголемува платите на здравствените работници. Тој истакна дека сега сите ја сфатиле важноста на здравствената заштита.

Треба да знаете
Последни објави