Search

Нови 40 автоматски агитатори за Институтот за трансфузиска медицина

Обезбедени се 40 автоматски агитатори како дел од активностите за унапредување и стандардизација на Институтот за трансфузиска медицина, во согласност со европските препораки за квалитет во крвната банка. Со тоа се заокружува процесот на усогласување на работа во согласност со европските директиви, соопшти денеска Министерството за здравство.
Функцијата на агитаторите се состои во следење на процесот на дарување крв (времетраење, количина, кој пунктер, регистрација на неусогласености при дарување), регистрација на сите податоци за кесата која се употребува за крводарување и онлајн миграција на сите податоци директно во националниот информатички систем за крвна банка e-Delphyn.
– Агитаторите се поделени на стационарни за Институтот за трансфузиона медицина, Центрите за трансфузиона медицина во Штио, Битола и Тетово, како и мобилни во рамки на мобилните екипи за собирање на крвни единици. Со ова, се заокружува процесот на усогласување на работа според европските директиви, стои во соопштението.
Претходно, во Институтот за трансфузиска медицина беа реновирани просториите, обезбедени се нови комбиња, фрижидери и апарат за харвестрација на матични клетки.

Треба да знаете
Последни објави