Search

Нови 33 случаи на коронавирус, едно лице почина

Министерството за здравство соопшти дека денеска се потврдени 33 нови случаи на Ковид 19 со што вкупната бројка на дијагностицирани порасна на 1.572 лица. Оздравени се 22 пациенти, а почина едно лице.

Институтот за јавно здравје, денеска, регистрира 22 оздравени пациенти во: Скопје-2, Куманово-6, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-1, Струга-1, Кочани-2.

На пат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 70 годишна возраст, кој од 4 мај бил хоспитализиран на инфективното одделение во болницата во Велес, а поради влошување на состојбата бил препратен во Скопје.

Во изминатите 24 часа направени се 332 тестирања, а потврдени се 33 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Штип-1, Прилеп-5, Тетово-2, Велес-9, Битола-2, Крива Паланка-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.572, бројката на оздравени пациенти е .1079, на починати е 89, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 404.

Последната дистрибуција по градови е следна:
• Скопје – 526
 Куманово – 404
 Дебар – 51
 Штип-35
 Прилеп –1667
 Тетово – 95
 Струга – 67
 Велес – 95
 Битола –22
 Охрид –15
 Кавадарци – 5
 Гостивар –17
 Гевгелија – 4
 Струмица – 2
 Крива Паланка-6
 Радовиш – 4
 Крушево – 3
 Кочани – 31
 Пробиштип – 2
 Кичево – 2
 Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
 Демир Хисар – 1
 Македонски Брод -2
 Пехчево- 2
 Делчево-1
 Валандово -1
 Виница – 2
 Кратово-1

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се три пациенти, а вкупно хоспитализирани 44. На кислородна поддршка се 15, а на механичка вентилација четири пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 18. На респираторна машина е еден пациент, а уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четири пациенти, а на домашно лекување се следат три пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 54 позитивни и суспектни на ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави