Search

Нови 224 лица во самоизолација, 41 приведен за време на полицискиот час

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (01/02.04) на територијата на државата на 59 лица им се издадени решенија за изолација, а 224 лица потпишале  изјава  за самоизолација.  Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е  дека само во еден случај едно лице што било во самоизолација не е затекнато во  својот дом.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се  41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави