Search

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 51, Куманово – 7, Дебар – 4, Штип – 1, Прилеп – 15, Тетово – 13, Струга – 4, Велес – 3, Битола – 6, Охрид – 5, Кавадарци – 5, Гостивар – 9, Гевгелија – 3, Струмица – 7, Крива Паланка – 4, Радовиш – 3, Кочани – 20, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 1, Берово – 3, Валандово – 3, Виница – 4, Делчево – 5, Свети Николе – 3, Ресен – 2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 102 оздравени пациенти од: Скопје – 38, Куманово – 12, Штип – 5, Прилеп – 8, Тетово – 3, Струга – 4, Битола – 12, Кавадарци – 3, Гостивар – 2, Крива Паланка – 2, Кочани – 4, Пробиштип – 3, Пехчево  -1, Берово – 2, Делчево – 1, Кичево – 2.

Починати се 5 лица, пациент од Скопје (51 г.), од Дебар (68 г.), од Крива Паланка (58 г.), Радовиш (71 г.) и пациент од Кочани (66 г.). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.049, бројката на оздравени пациенти е 14186, на починати е 710, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2153. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашните, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6680, активни 598
• Куманово 1708, активни 188
• Дебар 280, активни 39
• Штип 1234, активни 53
• Прилеп 639, активни 127
• Тетово 1400, активни 178
• Струга 654, активни 64
• Велес 312, активни 38
• Битола 280, активни 58
• Охрид 414, активни 52
• Кавадарци 220, активни 35
• Гостивар 917, активни 107
• Гевгелија 110, активни 59 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 191, активни 122
• Крива Паланка 102, активни 29
• Радовиш 74, активни 23
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 286, активни 117
• Пробиштип 106, активни 19
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 42, активни 8
• Берово 87, активни 27
• Валандово 20, активни 11
• Виница 103, активни 29
• Делчево 150, активни 80 (31 лице од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 3
• Свети Николе 319, активни 20
• Кичево 313, активни 35
• Ресен 162, активни 14
• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1769 теста се преку: ИЈЗ – 603, ЦЈЗ Скопје – 52, Авицена – 334, Биотек – 121, МАНУ   -129, Жан Митрев (Филип Втори) – 154, Систина со PCR метода – 127, лабораторија Лаор –56, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола – 45, Инфективна клиника – 6, ГАК – 12, Синлаб – 118, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 179.404 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 73 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8, а вкупно хоспитализирани се 32 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 22, а во болницата во Штип се 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 158, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 67
• Гази Баба – 74
• Аеродром – 86
• Карпош – 71
• Центар – 83
• Кисела Вода – 58
• Ѓорче Петров – 38
• Бутел – 33
• Шуто Оризари – 14
• Студеничани – 11
• Сарај – 13
• Арачиново – 9
• Илинден – 16
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 7
• Нераспределен-1

Треба да знаете
Последни објави