Search

Нови 18 случаи на Ковид-19 во Кичево, оздравеле пет лица

Нови 18 лица се заразени со коронавирус, а петмина се оздравено, покажуваат денеска податоците од Министерството за здраство за Кичево. Со тоа вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 219 лице, од кои 133 се активни, 77 се излекувани и девет лица се починати.

-Денеска кај нас имаме навистина голема бројка дури 18 новозаболени лица и сите се лекуваат во домашни услови под надзор на матичниот лекар, и се разбира дека со во изолација. За среќа пак имаме пет лица оздравено од коронавирусот, информира д- р Џабир Бајрами , член на Општинскиот кризен штаб во Кичево .

Тој упати сериозен апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции .

Треба да знаете
Последни објави