Search

Нови 1.384 случаи на коронавирус во Белгија, уште 183 мртви

Здравствените власти на Белгија го соопштија дневниот биланс на заразени и починати од коронавирусот.

Во последните 24 часа се потврдени нови 1.384 заразени, а 183 починале.

Вкупниот број починати изнесува 1.011, од кои 40 отсто имале над 80 години, а 93 отсто над 65 години.

Хоспитализирани се 584 лица во последните 24 часа, а 363 ја напуштиле болницата.

Вкупниот број потврдени заразени изнесува 15.348, а 60.462 се тестирани.

Треба да знаете
Последни објави