Search

Нови судири во Боливија меѓу приврзаниците на Моралес и полицијата

Еден ден откако опозициската лидерка Жанин Анес се прогласи за привремен претседател на Боливија, а два дена по оставката на Ево Моралес, во земјата избија нови судири меѓу приврзаниците на поранешниот претседател и полицијата.

Притоа полицијата употреби солзавец во обид да ги растера демонстрантите, јавија американските медиуми.

Демонстрантите излегоа на улиците на Ла Паз и Ел Алто, кои се сметаат за упоришта на Моралес, и вееја разнобојни домородечки знамиња и извикуваа „ Сега, граѓанска војна”.

-Не сакаме ниту  еден диктатор. Оваа жена тргна на нас  и затоа сме лути. Ќе се бориме со нашите браќа и сестри до враќањето на Моралес. Тој мора куќата да ја доведе во ред, изјави една учесничка на протестот.

Жанин Анес се прогласи за привремен претседател на Боливија и покрај то што немаше кворум во текот на гласањето за нејзин избор, бидејќи приврзаниците на левичарската партија на поранешниот претседател, а кои сочинуваат две третини од Конгресот, го бојкотираа гласањето. И покрај тоа, таа ја презеде власта наведувајќи дека Уставот нe бара задолжителен кворум во Конгресот.

Претходно Моралес  ја обвини Организацијата на Американски Држави (ОАД) дека имала директна улога во државниот удар што доведе до неговата оставка на местото претседател на Боливија.

-Многу верував во ОАД, им кажав да ги пребројат гласовите. За жал, ОАД се приклучија кон државниот преврат, рече Моралес за колумбиската телевизија, пренесен од Тасс.

Претседателските избори во Боливија беа оддржани на 20 октомври и во нив победи Моралес, прогласувајќи победа уште по првиот круг од гласањето, но по пребројувањето на гласовите неговиот главен ривал Карлос Меса не ги призна резултатите и почна со организирање пртотести.

Оставката на Моралес ја побара војската, опозицијата и бизис унијата, што тој и го направи на 10 ноември, опишувајќи ги настаните во земјата како организиран пуч.

На 12 ноември Моралес со авион побегна во Мексико каде побара и веднаш доби политички азил.

Треба да знаете
Последни објави