Search

Нови снимки прикажуваат како две ракети го погодиле украинскиот авион во Техеран (видео)

Објавени се нови инсерти од моментот кога две ракети го погодија украинскиот патнички авион над иранската престолнина, при што загинаа 176 лица во авионот.

Њујорк Тајмс објави видео од безбедносните камери за кое се вели дека го потврдиле неговиот кредибилитет. На него се гледа како во интервал од 30 секунди се испукуваат две ракети.

Авионот може да се види како лета неколку минути потоа, запален, обидувајќи се да се врати на аеродромот во Техеран, наведува медиумот. Неколку минути подоцна експлодира и се урна.

Техеран со денови ги демантираше извештаите дека е урнат Боингот 737-800.

Претходното видео објавено во петокот, исто така, покажува како авионот бил погоден од ракета.

Видеото, објавено од Њујорк Тајмс и Си-Ен-Ен, се совпаѓа со изјавите на канадски, американски и британски официјални претставници кои рекоа дека разузнавачките информации сугерираат дека иранските ракети го урнале авионот.

Треба да знаете
Последни објави