Search

Нови случаи на Хавана – синдромот во американска амбасада

Анонимен американски службеник изјави дека се регистрирани најмалку два случаи на мистериозниот невролошки проблем познат како Хавана – синдром кај американски државјани.

Синдромот се појавил меѓу персоналот на американската амбасада во Колумбија, ннепосредно пред посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на главниот град Богота.

„Волстрит журнал“ објави дека едно американско семејство ја напуштило земјата за да замине на лекување поради Хавана – синдромот.

„Едно семејство е погодено, вклучително и малолетно лице. Возрасните го потпишаа она што го потпишаа, односно се согласија на ризиците што доаѓаат со мисијата. Меѓутоа, таргетирањето на деца, дури и ако е случајно, треба да биде црвена линија“, рече дипломатот.

Блинкен треба да пристигне во Богота следната недела како дел од кратката турнеја во Латинска Америка.

Стејт департментот не одговори на барањето за коментар, а американската амбасада во Богота одби да ги коментира наводите. Доколку се потврдат, овие напади ќе бидат најновите во бројните мистериозни напади врз американски дипломати во различни земји.

Синдромот Хавана првпат се појави меѓу американските дипломати во Куба кон крајот на 2016 година. Симптомите вклучуваат вртоглавица, главоболка, слабост, гадење, вознемиреност, когнитивни проблеми и губење на меморијата.

Оттогаш, според „Волстрит журнал“, регистрирани се напади во Кина, Австрија, Германија и Србија. Се проценува дека околу 200 американски дипломати биле погодени од овој синдром, а официјалните лица инсистираат на тоа дека мора да се утврди точната бројка, бидејќи секој случај мора да биде медицински потврден, бидејќи некои поединци ги имаат истите симптоми од други причини.

Треба да знаете
Последни објави