Search

Нови случаи на коронавирусот во Кина

Седумнаесет нови случаи на воспаление на белите дробови предизвикано од новиот коронавирус регистрирани се во централниот дел на Кина.

Досега во градот Вухан идентификувани се 62 пациенти инфицирани со коронавирусот, од што веќе двајца починаа, а осуммина се во критична состојба.

Азиските држави и три аеродроми во САД воведоа посебен преглед на патниците кои пристигнуваат од централна Кина со цел да спречи ширење на вирусот.

Во Тајланд и Јапонија веќе се пријавени три случаи на пневмонија, кај лица кои пристигнале од Вухан. Инфицираните го посетиле локалниот пазар за риби, а нивните симптоми биле треска и кашлање.

Светска здравствена организација (СЗО) предупреди на можноста од ширење на епидемија со оглед на тоа што голем број Кинези најавија патувања во земјата и во странство поради Кинеска Нова година.

Треба да знаете
Последни објави