Search

Нови протести во Хонг Конг, активистите на аеродром

Ширум Хонг Конг денеска се одржуваат нови протести, а еден од нив е организиран, втор ден по ред, на аеродромот.

Повеќе од сто активисти ја окупираа салата за пристигнување на аеродромот, а некои седеа на подот цртајќи постери со пораки до властите.

Во два одвоени протести утрово, мали групи составени од постари граѓани на Хонг Конг се собраа покрај деловната област. Двата марша минаа мирно, пренесе „Ројтерс“.

Во Хонгконг веќе два месеца се одржуваат масовни улични протести, првично против законот за екстрадиција, а потоа и против полициското насилство.

Последните денови демонстрантите бараат поголеми демократски права.

Треба да знаете
Последни објави