Search

Нови проблеми во јавниот транспорт и нови синдикални демонстрации во Франција 

 Шести ден по ред јавниот превоз во Франција е сериозно нарушен поради штрајкот против пензиските реформи во државната железница и париското метро. За денес се најавуваат нови сидникални демонстрации, јавува дописникот на МИА.

Секој петтти воз со голема брзина и секој четврти од регионалните возови денес ќе сообраќа. Овој вторник сериозни проблеми ќе имаат корисниците на метрото во Париз. Десет од 16 линии на париското метро се затворени, имено линиите 2, 3, 3бис, 5, 6, 7бис, 10, 11, 12 и 13.

Што се однесува до линиите 4, 7, 8 и 9, намалениот сообраќај ќе се обезбеди само во најфреквентните часови (06:30-09:30 и 16:30-19:30).

За корисниците на РЕР, ќе има само половина од возовите на РЕР A и секој трет воз од на РЕР Б ќе се движи во најфреквентните часови, а за РЕР Б, интерконекцијата е прекината во Северната станица во Париз.

„Во контекст на штрајк на француските контролори на летање на 10 декември 2019 година”, Генералната дирекција за цивилно воздухопловство уште еднаш од авиокомпаниите побара денеска за 20 отсто да ја намалат својата програма за летање за аеродромите  Париз-Шарл де Гол, Париз-Орли, Бове, Лион, Марсеј, Тулуз и Бордо.

Иако планира да ги осигура сите долги летови, „Ер Франс” соопшти дека откажува четвртина од своите домашни летови во вторник и речусу  10 отсто од летовите со средна должина. Трансавија, членка на групата „Ер Франс-КЛМ”, од своја страна го откажа летот Париз – Маракеш закажан за денеска, изјави портпаролот на компанијата со ниски трошоци.

Медицинските практиканти (студентите по медицина на завршните години) се повикани на неопределен штрајк започнувајќи од денес од нивниот главен синдикат (Исни) за да ја осудат „деградацијата на здравствената грижа” и за да бараат подобрување на нивниот статус, во екот на кризата во јавната болница, која се обиде да ја згасне претседателот Емануел Макрон.

Полициските синдикати Алијанса и Унса-полиција, придружувани од „Единство-СЖП”, имаат намера да ги заострат своите акции започнувајќи од утре доколку владата не обезбеди гаранции за одбрана на нивниот специфичен пензиски систем, со можност да ги блокираат полициските станици и штрајк на ревност на аеродромите.

Дури и пред говорот на Едуард Филип во среда, кој ќе треба да даде детали  што предвидува пензиската реформа, меѓу сидникалната средба ќе се одржи во вторник вечерта по демонстрациите во Париз закажани за рано попладне. За новиот ден на мобилизација, најверојано во четврток „веќе се размислува”, според синдикатите ЦЖТ и ФО.

Денот се најавува дека ќе биде тежок на патиштата Ил-де-Франс (парискиот регион) во 7 часот изутринава застојот во сообраќајот веќе регистрира, повеќе од 320 километри на автомобилски колони.

Вчера сообраќајниот метеж достигна рекорд за 2019 година, со 631 километарски колони.

Во Париз, протестот против пензиската реформа ќе се одржи овој пат на левиот брег. Настанот ќе започне во 13:30 часот од Плас Вобан, во седмиот аранжман, кон плоштадот Денферт-Рошеро. Префектурата на полицијата издаде нов указ, според кој продавниците и рестораните лоцирани на маршутата на сидникалните демонстраци треба да ги затворат вратите.

Минатиот четврток, на демонстрациите на десниот брег на Сена имаше приближно 806.000 демонстранти, според Министерството за внатрешни работи, 1,5 милиони според синдикатите.

Треба да знаете
Последни објави