Search

Нови препукувања меѓу СИРИЗА и Нова демократија

Додека грчкиот премиер Алексис Ципрас вечерва ќе има обраќање во Солун на тема „ДА за Македонија на демократијата и солидарноста – НЕ за омразата и национализмот”, во Атина ќе започне 12-от Конгрес на опозициската конзервативна партија Нова демократија со говор на партискиот претседателот Кирјакос Мицотакис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, двата паралелни настани беа тема и причина за нови меѓусебни препукувања и остри обвинувања и критики на релација власт-опозиција и низа соопштенија од СИРИЗА и Нова демократија.

Од огранокот на Нова демократија во Солун, реагираа дека Ципрас организира партиски „(контра)настан”.

– Во исто време кога Нова демократија ќе го започне 10-от Конгрес во Атина, со учество на над 5.000 избрани членови, набљудувачи и гости од Грција и странство, СИРИЗА од Солун и господинот Ципрас одбраа да организираат партиски (контра)настан за Македонија. Нивна очигледна цел е да привлечат публицитет наспроти отскочната штица на Нова демократија кон победа, се вели во соопштението.

Во исто време, „македонски граѓански организации” повикуваат на собир пред Белата кула за да протестираат против Договорот од Преспа, соопштуваат од Нова демократија од Солун.

На ваквите најавени протести во Солун, реагираше СИРИЗА, која оцени дека „очекуваод Нова демократија, па дури и задоцнето, да се дистанцира од фашистичките неморални ставови на националистичките групи што организираат контрасобир на настанот на СИРИЗА во Солун”.

– Освен тоа, господинот Мицотакис во Парламентот направи сè за да потврди дека повторно се идентификува со позициите и реториката на екстремната десница, одговори СИРИЗА на обвинувњата на Нова демократија.

Опозициската партија, на ова преку соопштение нагласи дека нема никаква врска со протестите во Солун, бидејќи во исто време го одржува Конгресот во Атина.

– Ципрас нека прави што сака, каде што сака. Му посакуваме овој пат да има повеќе публика, отколку полицајци, се додава во реакцијата на Нова демократија.

Треба да знаете
Последни објави