Search

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

– Нови правила за имотот на брачни двојки или регистрирани партнерства на луѓе од различни држави стапуваат на сила од денска во 18 земји членки на ЕУ.

Според соопштението на Европската комисија, со мерката ќе бидат опфатени 18 земји – Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија, Словенија, Шпанија и Шведска.

Со новите регулативи се пропишуваат јасни правила при развод или смрт, а целта е да се стави крај на паралелни и спротивставени постапки во различни држави од ЕУ, кои се поврзани на пример со имот или банкарски сметки. Правилата разјаснуваат кој национален суд е надлежен да им помогне на двојките при управувањето на нивниот имот или со неговата поделба при развод, разделба или смрт.

Новите правила објаснуваат кое национално право има предност доколку се применуваат правилата на неколку земји. Ќе биде олеснета признавањето и извршувањето во една држава од ЕУ на судска одлука по имотните прашања, донесена во друга земја од Унијата.

Земјите од ЕУ, кои не учествуваат во спроведувањето на новите правила, можат да се приклучат на овој договор во било кое време. Дотогаш тие ќе продолжат да ги применуваат своите национални законодавства при прекугранични случаи поврзани со имотот на сопружниците и регистрирани партнери, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави