Search

Нови ограничувања на воздушниот сообраќај

Нови ограничувања на воздушниот сообраќај денеска се воведени во Австралија, Нов Зланд, Обединети Арапски Емирати, Хонг Конг, Сингапур и Тајван во ранките на мерките против пандемијата со новиот коронавирус.

– Глобално, бројот на летови, планирани минатата недела се намалени за повеќе од 12 проценти во однос на минатата година, наведува агенцијата за собирање на податоци за воздушниот сообраќај ОАГ.
Агенцијата посочи и дека голем број авиопревозници најавија нови намалувања на летовите.
Додека Агенцијата за кредитен рејтинг Мудс проценува дека прометот од воздушниот сообраќај ќе се намали од 25 до 35 проценти во 2020 година, под услов ако запре ширењето на Ковид-19 до крајот на јуни.
Австралија и Нов Зеланд бараат суспендирање на сите неважни летови на домашните линии. ОАЕ, кои имаат два големи авиопревозника – Емирати и Етиад Ервејз, ги откажуваат сите патнички летови и транзитни летови во следните две седмици, а мерката стапува во сила во рок од 48 часа.
Сингапур Ерлајнз ќе ги намали летовите за 96 проценти до крајот на април. Слични мерки најави и Тајван, додека Хонг Конг ги суспендира летовите за 96 отсто во април и мај.
Во Кина, каде се намалува епидемијата, почна спротивен процец, но расте стравот дека патниците од меѓународните летови би можеле повторно да го внесат вирусот во земјата. Повеќе од 570.000 летови во и од  Кина беа укинати од 1 јануари до 16 март.
Треба да знаете
Последни објави